Достапни линкови

Путин - Трамп ќе остане на функцијата


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека импичментот за американскиот претседател Доналд Трамп се заснова на невтелемени обвинувања. Путин говорејќи на традиционалната годишна прес-конференција во Москва денеска рече дека очекува Трамп да остане на функцијата и покрај тоа што Претставничкиот дом во Конгресот вчера гласаше за негов импичмент. Путин потсетува дека импичментот треба да помина и во Сенатот, каде републиканците имаат мнозинство. Рускиот претседател вели дека демократите, кои изгубија на изборите, ја продолжуваат борбата со други средства. Тој ја поврза истрагата за импичментот со претходната истрага за наводната вмешаност на Русија во американските избори.

Путин додаде и дека Русија е подготвена да се согласи на нов договор со САД за контрола на наоружувањето, но дека засега нема одговор на руските предлози. Тој вели дека ако утре добијат писмо од Вашингтон подготвени се да го потпишат. Договорот за контрола на нуклеарното наоружување истекува во 2021, доколку Русија и САД не се согласат да го продолжат.

Телевизиската прес-конференција на крајот на годината е редовен настан кој се спроведува за време на мандатот на Путин.

XS
SM
MD
LG