Достапни линкови

Рохани ги повика муслиманските земји да се спротивстават на доминцијата на САД


Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани ги повика муслиманските земји повеќе да соработуваат за да можат да се спротивстават на американската доминација. Тој зборуваше на исламската конференција во Малезија. Рохани го повтори ставот на Иран дека Соединетите Држави користат економски санкции како главни алатки за доминантна хегемонија и малтретирање на другите нации.

Средбата доаѓа откако Соединетите Држави повторно воведоа санкции за Иран, откако минатата година американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече земјата од договорот за нуклеарна програма склучен во 2015 година меѓу Техеран и светските сили.

„Муслиманскиот свет треба да се спаси од доминацијата на американскиот долар и американскиот финансиски режим“, изјави Рохани на конференцијата во Куала Лумпур. Тој вели дека муслиманските земји треба да имаат подобра финансиска и трговска соработка. Рохани вели дека тие треба да ја искористат колективната сила за да може да се соочат со предизвиците со кои се соочуваат, како зголемувањето на екстремизмот, слабото управување, сиромаштијата, корупцијата, кои го загрозуваат суверенитетот и го отвораат патот за мешање на Западот во тие земји.

XS
SM
MD
LG