Достапни линкови

Глобалното затоплување и руските спортисти во фокусот на говорoт на Путин


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата годишна прес-конференција се осврна на глобалното затоплување и на забраната на руските спортисти да учествуваат на Олимписките игри, но и на други спортски натпреварувања.

Одговарајќи на новинарски прашања Путин рече дека Русија се затоплува повеќе од двојно побрзо од глобалниот просек. Тој рече дека глобалното затоплување може да ги загрози руските градови на Арктикот. Путин вели дека Русија се придржува до Париската спогодба за забавување на глобалното затоплување.

За забраната на руските спортисти да учествуваат на меѓународни спортски натпревари во следните четири години, рускиот претседател рече дека Светската агенција за борба против допинг (ВАДА) постапила неправедно. Путин рече дека руските спортисти треба да бидат казнети индивидуално, а не колективно.

За годишната прес - конференција на Путин се акредитирале рекорден број новинари - 1.895.

Ова е 15-та таква прес-конференција на Путин.

XS
SM
MD
LG