Достапни линкови

Евакуирани десетина градинки во Русија по закани за поставени бомби


Една учителка починала за време на евакуацијата поради дојава за поставена бомба во градинка на далечниот исток во Русија. Ова е последен од серијата инциденти со дојави за поставени бомби во руски институции. Поради дојави за поставени бомби денеска се евакуирани десетина градинки во неколку градови на далечниот исток во Русија. Објектите подоцна биле пребарани и не се пронајдени експлозивни направи.

Руските власти соопштија дека за време на евакуацијата на една градинка во градот Биробиџан, учителка на возраст од 73 години се пожалила дека не и е добро, по што била повикана брза помош, но учителката починала. Засега не се знае точната причина за нејзината смрт. Надворешната температура во градот изнесува минус 26 Целзиусови степени.

Минатата недела, десетици судови во Москва и во Санкт Петербург беа евакуирани по слични телефонски повици со закана за поставена бомба, што потоа се покажа дека станува збор за лажни закани.

XS
SM
MD
LG