Достапни линкови

Премиерот Заев на самит на ЦЕИ во Рим


Премиерот Зоран Заев на седница на Влада

Премиерот Зоран Заев денеска во Рим ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), како претседавач на иницијатива која оваа година одбележува 30 години од формирањето. „Претседателот на Владата на самитот ќе учествува на покана на италијанскиот премиер Џузепе Конте. Се очекува лидерите на земјите членки на ЦЕИ да ја истакнат важноста на европската интеграција како клучна за зајакнување на стабилноста, просперитетот и единството на континентот, како и за економската соработка во рамките на иницијативата„, соопшти владината прес-служба. Во ЦЕИ се опфатени 17 европски земји: Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Италија, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија и Украина. Од 1 јануари претседателството на ЦЕИ ќе го преземе Црна Гора.

XS
SM
MD
LG