Достапни линкови

Претставничкиот дом изгласа импичмент за Трамп


Претставничкиот дом изгласа импичмент за Трамп

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес изгласа импичмент за претседателот Доналд Трамп, а процесот продолжува во Сенатот кој треба да реши дали да го обвини и да го отповика од функцијата. 45 претседател на САД е третиот кој ќе биде и формално обвинет за „висок криминал“ како што се наведува во Уставот. Тој е отповикан за два чина: злоупотреба на моќта и опструкција на Конгресот. Притоа се наведува дека Трамп ја искористил претседателската власт за да добие помош од странска држава, во случајот Украина да започне истрага против неговиот политички ривал пред претседателските избори во 2020 година. Трамп целиот процес го оцени како „лов на вештерки“ од страна на демократите.

XS
SM
MD
LG