Достапни линкови

Неколку турски авиони го повредиле грчкиот воздушен простор


Неколку турски воени авиони Ф-16 денеска го повредиле грчкиот воздушен простор и повеќепати прелетале над грчки острови во период од 25 минути, соопшти Генералштабот на националната одбрана на Грција.

Два авиони навлегле во грчкиот воздушен простор без поднесување план на летот и четирипати прелетале над островот Панагиа, на височина од 2.000 до 7.000 метри, а седум пати над островот Инусес.

XS
SM
MD
LG