Достапни линкови

Меркел ги критикуваше американските закани за „Северен поток 2“


Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги критикуваше американските закани за воведување санкции поради новиот руско-германски гасовод „Северен тек 2“, велејќи дека сака да разговара со Вашингтон и дека притоа одбива да се закани со евентуална реакција.

„Не гледам алтернатива на разговорите, за да покажеме дека не ја одобруваме оваа практика. Ќе видиме како ќе се развиваат работите со Северен тек“, рече Меркел одговарајќи на пратенички прашања во германскиот парламент.

Соединетите Држави се гласен противник на „Северен тек 2“, кој ќе транспортира природен гас од Русија до Германија со гасовод во Балтичкото Море во должина од околу 1.200 километри.

Претставничкиот дом на Соединетите држави минатата недела донесе закон, кој предвидува воведување санкции кон странците кои се поврзани со бродови кои поставуваат делови од гасоводот. Сенатот го усвои предлог-законот вчера а за дастапи во сила, сепак треба да го потпише претседателот Доналд Трамп. САД како и земјите од Источна Европа, кои исто така се противат на проектот, сметаат дека овој гасовод ќе ја зголеми енергетската зависност на Европа од Русија.

XS
SM
MD
LG