Достапни линкови

ДУИ ќе настапи самостојно на изборите


Артан Груби

ДУИ е најголемата албанска политичка партија и на овие избори ќе настапи самостојно,без коалиции ниту со македонските, ниту со албанските партии, изјави денеска Артан Груби по седницата на централното претседателство на партијата. Тој ги повика албанските партии во опозицијата да се соединат, за како што рече, да не изгубат гласови Албанците. На новинарско прашање во врска со информации во јавноста дека во техничката влада нема да има министри од ДУИ, Груби одговори дека неговата партија е клучна за политички процеси во Македонија, без разлика на функциите.

„ДУИ беше определувачки фактор за формирање на ова парламентарно мнозинство. Таму каде што одлучи ДУИ, таму се формира парламентарно мнозинство и оваа Влада. За нас се небитни функциите. Ќе ги добиеме апсолутно изборите на 12 април и ќе имаме слична ситуација како во 2016, со многу повеќе пратеници на ДУИ, но со пресудна определувачка улога на Али Ахмети за следна Влада во Северна Македонија“, изјави Груби.

За укажувањата на претседателот Стево Пендаровски да се почитуваат препораките на Венецијанската комисија, тој потенцираше дека како ДУИ се спремни да разговараат за градење на капацитетите на институциите за имплементирање на одредби од законот за употреба на јазиците.

XS
SM
MD
LG