Достапни линкови

Српскиот истражувачки новинар Дојчиновиќ депортиран од Абу Даби


Стеван Дојчиновиќ

На српскиот истражувачки новинар Стеван Дојчиновиќ синоќа му било забрането да влезе во Обединетите Арапски Емирати, каде требало да присуствува на конференција на ОН за борба против организиран криминал и корупцијата. Тој за РСЕ вели дека не знае зошто е депортиран.

Дојчиновиќ е уредник на Мрежата за истражување на криминал и корупцијата (КРИК). Тој рано утрото се вратил во Србија. Од КРИК, соопштија дека на Дојчиновиќ му било речено дека е ставен на „црната листа“ и дека не може да влезе во Емиратите. Тој бил однесен во делот на аеродромот каде се наоѓа полицијата, каде му земале отпечатоците од прсти, го сликале и му направиле датотека. Таму го држеле пет часа, по што го депортирале во Србија.

Дојчиновиќ требаше да зборува на конференцијата организирана од Канцеларијата на ОН во Абу Даби одговорна за борба против дрога и криминал. Обединетите Арапски Емирати не се прва земја што му забранила влез на новинарот. Слична ситуација му се случи и во Русија во 2015.

КРИК е дел од Известувачкиот проектот за организиран криминал и корупција ( OЦЦРП), во кој членуваат 45 непрофитни истражни центри и комерцијални независни медиуми од целиот свет.

XS
SM
MD
LG