Достапни линкови

Евакуирано средното уметничко училиште во Скопје поради направа што наликува на бомба


Фотографија од полицискиот увид на непознатата направа кај уметничкото училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје.

Направа што наликува на рачна бомба е пронајдена изутринава покрај автомобил на паркинг-просторот во близна на Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, поради што се евакуирани сите присутни во објектот, потврди полицијата.

Од МВР соопштија дека се уште се утврдува дали станува збор за школска или за вистинска бомба.

Во инцидентот нема повредени, а на учениците и наставниците им е забранет пристап до училишната зграда.

XS
SM
MD
LG