Достапни линкови

Милијарда долари од САД за енергетска независност на Источна Европа


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри закон со кој се обезбедуваат милијарда долари за енергетски проекти во Источна Европа и Евроазија со цел да се ослободи регионот од зависноста на руски гас и нафта. Ова е предвидено во пакетот за трошоци кој има за цел владата да функционира без прекин во идната година. Пакетот е вреден околу 1,4 трилиони долари и се очекува да мине во Сенатот и да биде потпишан од претседателот Доналд Трамп во текот на оваа недела.

XS
SM
MD
LG