Достапни линкови

Со новите судски реформи, Полска може да ја напушти ЕУ?


Поради плановите на владејачките националисти да овозможат судиите да бидат отпуштени ако го оспорат легитимитетот на владините правосудни реформи, Полска би можела да ја напушти Европската унија, соопшти денеска Врховниот суд на таа земја, пренесе новинската агенција Ројтерс.

Во соопштението се посочува дека тие планови се во спротивност со европските закони и оти ги зајакнуваат постоечките тензии меѓу Брисел и владејачката партија Закон и Правда.

„Спротивностите меѓу полското и европското законодавство веројатно ќе доведе до интервенција на европските институции во врска со кршењето на договорот во рамки на Унијата и на подолг рок ќе доведе до тоа Полска да ја напушти ЕУ”, оцени Врховниот суд, пренесе Ројтерс.

Во соопштението се наведува и дека предложениот закон е составен така што на претседателот Анджеј Дуда му се овозможува да постави нов претседател на Врховниот суд пред претседателските избори во мај следната година.

XS
SM
MD
LG