Достапни линкови

Заев - Бабиш: Поддршка од Чешка за преговори со ЕУ


Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, и премиерот на Чешка, Андреј Бабиш, во Прага

Искрено се надеваме дека овој притисок ќе даде резултати и оти многу бргу во претстојниот период ќе пристигне одлуката за почеток на преговорите за пристапувањена нашата земја во ЕУ. Охрабрени сме со постојаните заложби да се задржи прашањето за проширување видливо и високо на агендата на Европската унија по октомврискиот совет, изјави денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со неговиот чешки колега Андреј Бабиш, во рамки на официјалната посета на македонска владина делегација на Чешка.

Заев оцени дека со Чешка имаме одлични политички односи и потенцираше дека пријателството во иднина ќе продолжиме да го јакнеме во економијата. Со Чешка одбележуваме 25-години од воспоставувањето дипломатски односи со, посочи Заев, постигната прогресивна економска и секторски широко распространета соработка.

XS
SM
MD
LG