Достапни линкови

МЗ: Жолтицата не е високозаразна, нема место за паника


Илустрација - Министерство за здравство

Жолтицата не е високозаразна болест, како што се морбилите, и поради тоа нема простор за паника со оглед на тоа што со редовно применување на правилата за лична хигиена се спречува ширењето на болеста. 61 лице во Скопје се заразиле со жолтица во изминатите три месеци. Меѓу заразените има ученици од пет основни и четири средни училишта во градот. Изворот на заразата не се училиштата, информирале денеска за МИА од Министерството за здравство и апелираат на редовна хигиена.

„За секој појавен случај во кое било училиште, епидемиолошка екипа врши санитарно хигиенски и епидемиолошки увид и препорачува против епидемиски мерки за превенција од ширење на болеста во училиштето кои вклучуваат: детално континуирано механичко чистење на објектот, зајакната дезинфекција посебно на санитарните јазли од страна на училиштето, како и вонредна дезинфекција од Службата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација од Центарот за јавно здравје Скопје, обезбедување течен сапун за раце, течен дезинфициен за раце во санитарните јазли, честа едукација на учениците за одржување на личната хигиена (миење раце), правилно користење на бришачите за подовите од страна на хигиеничарките и посебни бришачи за санитарните јазли“, посочуваат од Министерството.

Од Министерството наведуваат дека во исто време ученици со какви било симптоми на болест се ослободуваат од настава за да се спречи ширење на заразата.

XS
SM
MD
LG