Достапни линкови

Судир меѓу полицијата и демонстрантите во Киев


Протести, 17 декември 2019

Двајца украински полицајци се примени во болница по судирот со антивладините демонстранти во близина на зградата на украинскиот парламент во Киев.

Полицијата во Киев соопшти дека десетици демонстранти се приведени денеска по судирот со полицијата. До судирот дошло кога полицајците почнале да ги отстрануваат шаторите кои ги подигна демонстрантите во близина на парламентот. Засега не се знае дали има повредно демонстранти.

Илјадници луѓе се собраа во близина на парламентот за да протестираат. Демонстрантите им припаѓаат на четири различни групи, а меѓу нив има и луѓе кои се спротивставуваа на плановите на владата да дозволи приватизација на земјоделското земјиште.

XS
SM
MD
LG