Достапни линкови

„Стоп за извршителите“ бараат да прекине блокирањето на сметките


Протест пред Министерството за правда.

Организација „Стоп за извршителите“ на денешниот протест пред Министерството за правда побара да прекине блокирањето на сметките на граѓаните кои имаат застарен долг и да има ветинг за извршителите.

Од Организацијата велат дека блокирањето на сметките на граѓаните не е законски и уставно и е спротивно на Декларацијата за човекови права.
Организаторите посочија дека денеска биле примени на средба од заменик – министерот за правда Оливер Ристовски и им било кажано дека заедно со Министерството за финансии и Народната банка ќе направат луѓето да плаќаат помалку пари за одблокирање на сметките.

„Стоп на извршителите“ организираат протести со барање за итни измени на Законот за извршување, кој, според нив, им става јамка околу врат на луѓето, а извршителите ги штити како бели мечки.

XS
SM
MD
LG