Достапни линкови

Субвенции за поголеми плати побарале 8.000 фирми


Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска

Вкупно 8.000 фирми досега побарале субвенции од државата за да може да исплаќаат поголеми плати на 45 илјади вработени, соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска. Според Лукаревска, 1.300 работодавачи за 47.000 вработени се уште не го оствариле ова право од технички причини.

За октомври и ноември фирмите треба да добијат 58 милиони денари за да може да исплатат поголеми плати, а за декември ќе се знае до крајот на годината.

Владата донесе Закон за субвенционирање придонеси за покачување плати на вработените од 600 до 6.000 денари. Работодавачите што ќе им ја зголемат платата на вработените ќе добијат поддршка во форма на субвенционирање на здравствените и социјалните придонеси, за износот на покачувањето. Субвенционирањето е дел од мерките за економски развој и за задржување на вработените во земјата.

XS
SM
MD
LG