Достапни линкови

Заев во посета на Чешка


Премиерот Зоран Заев и неговиот чешки колега Андреј Бабиш, Скопје, 11.06.2019.

Премиерот Зоран Заев денеска со владина делегација ќе престојува во официјална посета на Чешка, каде ќе биде пречекан од неговиот чешки колега Андреј Бабиш. Во состав на владината делегација, како што е најавено од владината Прес-служба, ќе биде и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. Според агендата, планирано е премиерот Заев да оствари тет-а-тет средба со чешкиот премиер Бабиш, по што двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Владината делегација ќе се сретне и со парламентарна делегација предводена од Радек Вондрачек, претседател на Домот на пратениците на Парламентот на Чешката Република.

XS
SM
MD
LG