Достапни линкови

Седум мигранти се удавиле во Средоземно море


мигранти, илустрација

Во несреќа на Средоземно море седум африкански мигранти се удавиле, додека 70 други биле спасени откако нивниот чамец потонал во обид да стигнат од Мароко во Шпанија. Спасените мигранти меѓу кои имало жени и бебиња биле вратени во мароканскиот приморски град Надор каде што им била пружена медицинска помош. Годинава во Шпанија пристигнаа околу 23.000 мигранти, додека 325 загинале во обидот да го минат Средоземното море.

XS
SM
MD
LG