Достапни линкови

Вучиќ: допрва ќе и помагаме на воената индустрија


Претседателот на Србија Александар Вучиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ по повод пишувањата на германски „Шпигел“ дека Србија е закана за безбедноста и оти ја поддржува корупцијата во воената индустрија изјави дека аферата „Крушик“ била покрената да се разурне српската наменска индустрија и оти Србија планира дополнително да ја засили оваа индустриска гранка. „Допрва ќе помагаме. Како некој намерно да сака да ни ги затвори сите фабрики, да не произведуваме оружје“ изјави Вучиќ, наведувајќи дека биле во прашање големи интереси.

XS
SM
MD
LG