Достапни линкови

Судот во Хаг во март ќе расправа по жалбата на Ратко Младиќ


Ратко Младиќ во Хаг.

Меѓународниот суд во Хаг на 17 и 18 март следната година ќе расправа по жалбите на одбраната и обвинителството на првостепените пресуди на поранешниот генерал на босанските Срби Ратко Младиќ, соопшти денеска судот во Хаг.

Хашкиот суд во ноември 2017 го осуди Младиќ на казна доживотен затвор. Трибуналот го прогласи за виновен за геноцидот во Сребреница, прогонот на муслиманите и Хрватите ширум БиХ, тероризирање на населението на Сараево со долготрајното гранатирање и снајперски оган и земање на припадници на УНПРОФОР за заложници во периодот од 1992 до 1995 година.

Овие злосторства, покрај геноцидот во Сребреница, во пресудата се квалификувани како злосторства против човештвото, кршење на законите и обичаите на војување на Женевските конвенции.

Одбраната поднесе жалба на пресудата, барајќи Младиќ да биде ослободен или повторно да му се суди. Според одбраната, не се докажа постоењето на злосторнички здружувања, нити дека Младиќ во нив учествувал.

Обвинителството, пак, бара Младиќ да биде прогласен за виновен и за геноцид во уште шест општини во БиХ.

XS
SM
MD
LG