Достапни линкови

Кривична пријава за поранешниот министер за земјоделство Спасеновски


Основно јавно обвинителство во Скопје.

Против поранешниот министер за земјоделство Ацо Спасеновски е поднесена кривична пријава. Пријавата до Основното јавно обвинителство Скопје ја поднесе Управата за финансиска полиција.Тој се товари за злоупотреба на службената положба и овластување. Во својство на министер, во 2009 година овозможил исплата на 7,3 милиони денари за наводни научни истражувања, информира Финансиската полиција.

Спасеновски беше министер во владата на Груевски во период од 2006 до 2009 година, по што во 2010 година замина на амбасадорка позиција во Украина.

XS
SM
MD
LG