Достапни линкови

Во Авганистан убиени тројца полицајци


Авганистански полицајци.

Најмалку тројца авганистански полицајци се убиени во напад во западниот авганистански град Херат, соопштија тамошните власти.

Началникот на провинциската полиција, Аминулах Амархил, денеска соопшти дека доцна синоќа група вооружени лица започнале напад. Според него, во судирот со полицијата биле убиени двајца напаѓачи, а имало и ранети.

Засега ниту една група не презеде одговорност за нападот.

Во последните денови се засилуваат нападите во земјата. Нападите доаѓаат откако Соединетите Држави ги продолжија разговорите со талибанците, по пауза од три месеци, кога американскиот претседател Доналд Трамп ги прекина преговорите за ставање крај на 18-годишната војна во Авганистан.

XS
SM
MD
LG