Достапни линкови

Протести во Индија поради законот за државјанство


Запален автобус на улиците во Њу Делхи, за време на протестите.

Во Индија продолжуваат протестите против контроверзниот закон за државјанство, а регистрирани се и судири меѓу полицијата и демонстрантите. Протестите започнаа откако на 11 декември националниот парламент го донесе законот за државјанство. За време на неколкудневните протести убиени се неколку луѓе. Со новиот закон се дозволува со државјанство да се стекнат и граѓаните немуслимани кои доаѓаат од трите соседни земји - Авганистан, Бангладеш и Пакистан. Муслиманите сметаат дека овој закон е дискриминирачки.

Во главниот град Њу Делхи, полицијата денеска употреби солзавец и приведе демонстранти. За време на протестите запалени се автобуси, а неколку патишта се блокирани.

За некои критичари, законот е дел од хинду-националистичката агенда на премиерот Нарендра Моди, со која тој сака да ги маргинализира муслиманите во земјата. Во Индија има околу 200 милиони муслимани. Други, пак, критичари сметаат дека со законот ќе се овозможи голема миграција.

Од партијата на Моди велат дека законот ќе им овозможи засолниште на оние луѓе кои бегаат од верски прогон.

XS
SM
MD
LG