Достапни линкови

Ердоган се закани дека ќе ја затвори базата Инџирлик


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе затвори две стратегиски воени бази што ги користат Соединетите држави и НАТО доколку Вашингтон воведе санкции како одговор на тоа што Турција купи руски противвоздушен ракетен систем. „Ако е неопходно ние можеме да го затвориме Инџирлик, а можеме да го затвориме Куречик“, изјави Ердоган во интервју за телевизија Хабер. Инџирлик со децении е една од главните бази на САД и на НАТО во регионот, додека Куречик е главната радарска станица на НАТО.

XS
SM
MD
LG