Достапни линкови

Протест против аерозагадување во Куманово


Симболично во пет до дванаесет почна протестот „Куманово се гуши“ против аерозагадувањето во градот кој го организира граѓанската иницијатива „Македонија се гуши“. Со транспаренти и маски, граѓаните го изразија својот револт, од како што велат алармантната состојба со аерозагадувањето.

Фросина Ѓорѓиевска од иницијативата вели дека Куманово последниве месеци е еден од најзагадените градови во светот.

„Биравме политичари кои нудеа решенија за чист воздух, а сега бараме конкретни решенија. Биравме живот, не бавна смрт. Бараме од градоначалникот наместо да се расшетува по светот да се прибере дома и под итно да преземе мерки за намалување на аерозагадувањето“, рече Ѓорѓиевска и потенцираше дека во делови од градот концентрациите на штетните честички е 15 пати повисоко од дозволеното.

Тие очекуваат итни мерки и од локалната власт, но и од Владата, додавајќи дека аерозагадувањето го скратува животниот век. Од граѓанската иницијатива имааткраткорочни и долгорочни предлог мерки кои најавија дека ќе бидат доставени до надлежните во општина Куманово.

XS
SM
MD
LG