Достапни линкови

Заврши самитот на ОН за климатските промени


Архивска фотографија- лидерите на климатски самит во Мадрид

Две недели долгите разговори на Обединетите нации за климатските промени што се одржуваа во Мадрид завршија денеска со одложување на клучни одлуки до 2020 за намалување на емисиите на гасови на светско ниво.

Делегати од речиси 200 земји преку тешки преговори успеаја да постигнат договор за борба со глобалното затоплување.Во компромисот е вклучена и декларација во која се повикува на поголеми амбиции за намалување на зелените гасови и помош за посиромашните земји да се справат со ефектите од климатските промени.

Но и покрај продолжување на самитот за еден ден, со што тој стана најдолг самит за климатските промени, учесниците голем дел од горливите прашања ги оставија да се дискутираат на идниот самит кој треба да се одржи во Глазгов за една година од сега.

Состанокот беше проследен со жестоки протести на заштитниците на животната средина. Тие изразија силно несогласување и ги обвинија владите дека не прават доволно за борбата со климатските промени.

XS
SM
MD
LG