Достапни линкови

Силен земјотрес го погоди Филипини


Силен земјотрес го погоди јужниот дел на Филипини денеска, а во катастрофата загина најмалку едно лице. Урната е и трокатна зграда, а властите сооштија дека е во тек потрага по заглавени во неа.

Земјотресот со магнитуда од 6,9 степени ја погоди областа која и претходните месеци ја тресеа земјотреси. Едниот загинат е дете, за кое како што соопштија властите, загинало во селото Давао дел Сур Матанао откако ѕид паднал врз неговата глава.

Претседателот на Филипини Родриго Дутерте е безбедно со неговата ќерка во градот Давао кој исто така силно беше погоден од земјотресот, соопштија властите.

XS
SM
MD
LG