Достапни линкови

Иран пресретнал втор сајбер напад неделава


Архивска фотографија- Иранскиот министер за телекомуникации Мохамад Џавад Азари Џахроми

Висок владин функционер во Техеран тврди дека Иран одбил втор сајбер напад против земјата за помалку од една недела. Министерот за телекомуникации Мохамад Џавад Азари Џахроми во пост на Твитер објавен денеска напиша дека наводниот напад бил идентификуван и пресретнат. Според него целта на нападот бил „шпионирање на владиното разузнавање“ во Иран и дека шпионските сервери и хакерите биле идентификувани.

На 11 декември Џахроми за иранската агенција ИРНА рече дека голем имало владин сајбер напад врз иранската електронска мрежа. На 10 декември, пак, тој објави извештај за хакирачки операции чија цел биле ирански банки, а локалните медиуми јавија дека сметките на илјадници Иранци биле хакирани.

Иран исклучи голем дел од својата инфраструктура од Интернет по компјутерскиот вирус Стакснет за кој тврдат дека е создаден од САД и Иран и кој ја наруши работата на иранските центрифуги во нуклераните постројки кон крајот на првата декада од двеилјадитите.

Во јуни официјални претставници на Вашингтон рекоа дека американската војска спровела сајбер напад врз иранскиот воен комјутерски систем како одговор на уривање на американското беспилотно летало во меѓународниот воздушен простор над Персискиот залив.

XS
SM
MD
LG