Достапни линкови

Апсења во Албанија поради жртвите од земјотресот


Албанија- урната зграда во Драч од земјотресот

Албанските власти вчера уапсија девет луѓе кои се товарат за убиство и злоупотреба на положбата поради непочитување на правилата за градба. Овие апсења се поврзани со последиците од земјотресот кој се случи на 26 ноември и во кој загинаа 52 лица, а околу 2000 беа повредени.

Обвинителството соопшти дека се осомничени 17 луѓе меѓу кои градежници, инжењери и локални службеници во катастарот. Полицијата трага по уште осум од осомничените. Локалната полиција во Драч соопшти дека првичната истрага покажала злоупотреба во градбата и почитување на законите и другите стандарди што довело до уривање на зграда во тој град при што настрадаa 23 луѓе.

Овој туристички град, кој се наоѓа на брегот на Јадранското море, заедно со Туман беа најмногу погодени од силниот земјотрес.

XS
SM
MD
LG