Достапни линкови

Приоритет на британската влада е напуштање на ЕУ до 31 јануари


Архивска фотографија- британскиот министер Мајкл Гов

Главен приоритет на владата на британскиот премиер Борис Џонсон е земјата да ја напушти Европската унија до 31 јануари, рече денеска британскиот министер Мајкл Гов.

За телевизијата Скај тој кажа дека парламентот за кратко време ќе има можност да гласа за повлекување од ЕУ. На домашен план Гов рече дека приоритет на владата ќе биде подобрување на јавното здравство.

Џонсон освои убедлива победа на неодамнешните британски избори што се толкува како одврзани раце за конзервативецот да преговара за излегувањето на Британија од ЕУ. Тој водеше немилосрдна кампања со паролата: „Да го спроведеме Брегзитот“, ветувајќи дека ќе стави крај на повеќегодишните политички превирања за иднината на Британија, кои ја поделија нацијата.

XS
SM
MD
LG