Достапни линкови

Рускиот кршач на мраз заврши со тест пловидбата


Рускиот кршач на мраз на нуклеарен погон Арктика

Рускиот кршач на мраз на нуклеарен погон Арктика, кој е претставен како најголем и најмоќен во светот се врати во Санкт Петерсбург денеска по дводневно тест пловење. Арктика кој е нарачан од руската државна компанија Росатом е долг 173 метри, а висок 15 метри.

При пробата беа тестирани функциите и подвижноста на бродот, рече Мустафа Кашка, генерален директор на Атомфлот, компанија која раководи со руските мразокршачи.

Како и да е бродот на нуклеарен погон, кој според неговите креатори може да минува низ речиси три метри мраз, пловеше на дизел гориво на своето прво патување. Претставен во 2016 година Арктика е дел од проектот преку кој треба да се овозможи целогодишен морски пат од Атлантикот до Пацификот. Артикот,пак, има големи резерви на нафта и гас за кои се заинтересирани Русија, САД, Канада и Норвешка. Крајните тестови за рускиот мразокршач се закажани за март и април 2020 година по што се очекуа тој да почне да плови во мај.

XS
SM
MD
LG