Достапни линкови

Спасовски: Со Јовановски сум имал два-три службени контакти


Архивска фотографија- Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска негираше дека имал редовни контакти со прво обвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски.

„Службени контакти, два или три кои биле, се однесуваа на одредени пријави кои ги имаше тој и новинари во телевизијата за упад во електронскиот систем во телевизијата и за тоа беа остварени средби со директорот на Бирото за јавна безбедност. Апсолутно не станува збор за какви било други контакти, ниту пак за разговор со него или со кој било друг вклучен во криминални активности“, рече Спасовски.

Неделава Ана Камчева, сопруга на бизнисменот Јордан Камчев, кој е осомничен во случајот „Империја“, а сведок во случајот „Рекет“, рече дека кога и бил баран поткупот од Јовановски го информирала тогашниот директор на УБК Горан Николовски. Таа рече дека кога Николовски ја прашал зошто нема доверба во институциите таа му рекла дека многу пати и пред неа Боки 13 разговарал со судии, обвинители, политичари, па и со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој му бил многу близок.

Пред неа во својство на сведок се појави нејзиониот сопруг Камчев, а сведочеше и благајничката во нивните фирми Мирјана Бошковска. Во „Рекет“ се обвинети поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Јовановски, а трето обвинетиот Зоран Милески откако призна вина беше осуден на три години затвор. Според обвинението за олеснување на положбата на Камчев во случајот „Империја“ кој го отвори СЈО биле исплатени милион и пол евра. Камчев, пак, во „Империја“ е осомничен за перење пари.

XS
SM
MD
LG