Достапни линкови

Конзервативците на Борис Џонсон победуваат


Избори во Британија, броење гласови

Владејачките конзервативци на премиерот Борис Џонсон победуваат на предвремените парламенатрни избори во Британија, покажуваат излезните анкети на Би Би Си и Скај њуз. Според нив, од 650 пратеници, Ториевците ќе имаат 368, односно 50 повеќе отколку што добија на изборите во 2017 година. Лабористите би требало да добијат 191 пратеник, Либералните демократи 13, Партијата за Брегзит ниту еден. Конечните резултати од изборите се очекуваат денеска попладне. Доколку се потврдат тоа ќе биде најголема победа на Ториевците на парламентарните избори од успехот на Маргарет Тачер во 1979 година. Оваа победа на Борис Џонсон ќе му даде одврзани раце да го спроведе излегувањето на Британија од ЕУ кон крајот на јануари. Овие избори беа трети во Британија за помалку од пет години и први во декември во последниве 100 години. Пред изборите доминираше темата за заминувањето на Британија од Унијата која е актуелна од референдумот за тоа во 2016 година.

XS
SM
MD
LG