Достапни линкови

Американскиот Сенат го призна ерменскиот „геноцид“


Американскиот Сенат денеска едногласно донесе резолуција со која се признава како геноцид - масовното убиство на Ерменците во Отоманската империја на почетокот на 20 век. Ерменскиот премиерНикол Пашинин на социјалната мрежа Твитер го поздрави овој потег како „победа на правдата и вистината“.

„Во име на ерменскиот народ ширум светот изразувам длабока благодарност до американскиот Сенат за ова законодавно обележје“ напиша Пашинин. Гласањето во Сенатот следува откако оваа иницијатива неколку пати беше блокирана од републикански сенатори. Според досегашните информации Белата куќа не сакала оваа иницијатива да помине додека преговарала со Анкара за чувствителни теми како што е турската офанзива против курдските борци во северниот дел на Сирија и ракетен одбранбен систем С-400 од Русија.

Настанот се случил во текот на Првата светска војна кога биле депортирани и убиени околу 1,5 милиони Ерменци- христијанско малцинство во муслиманска империја. Многу историчари и нации овој настан го сметаат за геноцид. Турција, која е членка на НАТО се спротивставува зборот геноцид за да се опишат убиствата.

XS
SM
MD
LG