Достапни линкови

Порошенко: Зеленски не ги помина „црвените линии“ на средбата со Путин


Поранешниот украински претседател Петро Порошенко денеска изјави дека неговиот наследник не преминал „никакви црвени линии“ во неодамнешните разговорите со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на конфликтот во источниот дел на Украина.Порошенко во интервју за руската служба на РСЕ истана дека средбата во Париз на 9 декември според него не е ниту „чекор напред, ниту два назад“.

Разговорите во Париз со поддршка од Франција и Германија траеја осум часа, но завршија без успех. Првично Путин и Зеленски договорија размена на затворниците и ветија траен прекин на огнот меѓу украинските трупи и сепаратисти поддржани од Русија во конфликтот во кој досега загинаа над 13 илјади луѓе.

Но, двајцата не постигнаа напредок во врска со тешки прашања како што е контрола на границите во регионите што се под контрола на сепаратистите како и временска рамка за локалните избори во тие области.

„Можам да кажам дека е веќе позитивно дека црвените линии не се поминати и дека можам да потврдам дека цврстиот владин став на нашите политички сили како и на парламентарните партнери во опозицијата беа испорачани и ислушани“ вели Порошенко.

Тој додава дека времето ќе покаже дали средбата во Париз е успех или не.

XS
SM
MD
LG