Достапни линкови

Давутоглу го напушти Ердоган и формираше нова партија


Архивска фотографија од поранешниот турски премиер Ахмет Давутоглу

Поранешниот турски премиер Ахмет Давутоглу формираше нова политичка партија. Тој денеска до турското Министерство за внатрешни работи достави службено барање за регистрација на неговата „Партија на иднината“. Давутоглу ја напушти владејачката Партија на правдата и развојот во септември, неколку дена откако партијата ја започна процедурата за негово исклучување поради нарушување на дисциплината, а потоа објави и манифест во кој ја критикува политиката на Ердоган. Ова е втора партија основана од поранешните сојузници на Ердоган, сличен потег најави и поранешниот вицепремиер Али Бабаџан.

XS
SM
MD
LG