Достапни линкови

Најмалку 10 повредени при пожар на рускиот носач на авион


Најмалку 10 луѓе се повредени при пожарот што избувнал на единствениот руски носач на авиони Адмирал Кузнетцов. Претседателот на руската корпорација на бродоградилишта Алексеј Рахманов изјави дека пожарот избувнал при заварување поради одредени поправки кои се вршеле на бродоградилиштето во северозападниот регион Архангелск. Тој додаде дека повредените се веќе хоспитализирани, а двајца од нив се воени офицери кои што учествувале во гаснењето на пожарот.

XS
SM
MD
LG