Достапни линкови

Прогласен крај на епидемијата на морбили


Министерството за здравство соопшти дека Комисијата за заразни болести констатирала дека се исполнети епидемиолошките услови за прогласување крај на епидемијата на мали сипаници на територијата на цела држава. Со тоа престануваат да важат дополнителните мерки за контрола на епидемијата, предложени од комисијата.

Вкупниот број регистрирани случаи со морбили во државата, од декември 2018 година до крајот на минатата недела изнесува 1.901 случаи со стапка на заболување од 91,9 на 100.000 жители.

Според податоците од Институтот на јавно здравје, во текот на епидемијата се вакцинирани 44.497 лица на возраст до 14 години, а дадени се и дополнителни 6.305 дози од вакцината кај лица над 14-годишна возраст, од кои повеќе од 60 отсто кај здравствени работници, студенти на медицина, стоматологија и фармација, специјализанти и ученици во средните медицински училишта и останати контакти на заболените лица.

XS
SM
MD
LG