Достапни линкови

Заев ќе реагира на оценката на БАН за македонскиот јазик


Премиерот Зоран Заев.

Премиерот Зоран Заев рече дека ќе реагираат на оценката на Бугарската академија на науките (БАН) дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик. Тој вели дека не ја знае реакцијата на БАН, но дека откако ќе ја прочитаат ќе реагираат. Запрашан дали тоа може да значи суспендирање на преговорите со Бугарија, премиерот Заев вели дека Договорот со Бугарија е „внимателно испишан од двата народи заради идентитетските прашања“ и е потпишан на македонски и на бугарски јазик „согласно уставите на двете држави“.

„Таа формулација согласно уставите на државата во самиот договор покажува дека Бугарија се уште не е на чисто со признавањето на нашиот македонски јазик. Тоа е прашање што остана да го решиме низ имплементацијата на договорот и јас верувам и уште еднаш апелирам ако сме Европејци и ако се залагаме за европска демократија и за европските вредности и права, тоа прашање час поскоро да го надминеме“, изјави Заев.

XS
SM
MD
LG