Достапни линкови

Турција реагира на американските санкции


Делови од руски противракетниот систем С-400 пристигнуваат во Турција.

Официјална Анкара смета дека американскиот закон за санкции против Турција е непочитување на нејзините суверени одлуки, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.

Комитетот за надворешни односи на Сенатот на САД вчера изгласа закон за одбрана, кој предвидува санкции за Турција поради набавката на руски противракетниот систем С-400, пренесува Анадолија.

Во соопштението од турското МНР се посочува дека се свесни дека Комитетот за надворешни односи на Сенатот го усвоил законот со кој се наметнуваат санкции на Турција поради операцијата „Извор на мирот“ во Сирија и рускиот противракетен систем С-400.

Турското Министерство го повика американскиот Конгрес да заземе конструктивен став кон развојот на турско-американските односи за да не бидат „загрозени заедничките цели на двете земји“.

XS
SM
MD
LG