Достапни линкови

Протести пред Парламентот во Грузија, уапсени 12 демонстранти


Протести пред Парламентот во Грузија.

Полицијата во Тбилиси уапси 12 демонстранти, меѓу кои и лидерот на опозициската партија Нова Грузија, Гиорги Вашадзе, откако се обидоа да го блокираат влезот во Парламентот.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека демонстрантите биле приведени за хулиганство и за непочитување на полициските наредби.

Десетици активисти се собраа денеска пред Парламентот и се обидоа да го блокираат влезот во знак на протест против изборот на кандидати за судии во Врховниот суд. Демонстрантите велат дека кандидатите се контролирани од властите.

Претходно во Тбилиси неколку недели по ред имаше протест против одбивањето на властите да спроведат изборни реформи.

Соединетите Држави и Европската унија ги повикаа владата, политичките партии и граѓанското општество преку дијалог да ги решат отворените прашања.

XS
SM
MD
LG