Достапни линкови

Дводневен состанок на Европскиот совет


Новиот претседател на Европскиот совет Шарл Мишел

Лидерите на Европската унија денеска и утре во Брисел ќе настојуваат да најдат решенија за крупните предизвици во светските односи, како и за остварување на целите на таканаречената „Зелена Европа“ до 2050 година. Ќе стане збор и за зацврстување на битната европска економска и монетарна унија. Новиот претседател на Европскиот совет Шарл Мишел во писмото до шефовите на државите или владите на земјите на ЕУ порача дека клучна задача е да се утврдат стратегиските насоки за справување со многуте предизвици. Главно тука станува збор за заклучоците за Конференцијата за иднината на Европа која треба да се одржи за неколку месеци.

XS
SM
MD
LG