Достапни линкови

Преговорите за влада на Косово без резултати


Албин Курти и Исa Мустафа

Состанокот на лидерите на Движењето Самоопределување Албин Курти и лидерот на Демократскиот сојуз на Косово Исa Мустафа за постизборна коалиција заврши без резултати, изјави портпаролот на Демократскиот сојуз Бериоан Мустафа. „Договорено е идните состаноци да бидат поинтензивни“, рече тој. Претходно Курти изјави дека „не постојат пречки кои нема да ги мине“ за да постигне договор. Ова беше прв состанок на двајцата лидери по состанокот одржан на 2 овој месец на кој не беше постигнат договор поради несогласувања околу кадровските решенија.

XS
SM
MD
LG