Достапни линкови

Ново косовско Собрание на 24 декември


Косовскиот претседател Хашим Тачи ја свика за 24 декември конститутивната седница на седмиот состав на Собранието на Косово, произлезен од парламентарните избори одржани на 6 октомври, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштението од кабинетот на Тачи се наведува дека одлуката е донесена согласно неговите уставни и законски обврски и овластувања, како и врз основа на објавата на Централната изборна комисија од 27 ноември за сертификација
на конечните резултати од предвремените избори.

„Претседателот и Претседателството на шестиот состав на Собранието на Република Косово, согласно соодветното законодавство кое е на сила, ќе го изготват дневниот ред за Првата седница на седмиот состав на Собранието на Република Косово“, се наведува во соопштението од кабинетот на косовскиот претседател.

XS
SM
MD
LG