Достапни линкови

Заев: Нема назад, препораките на Венецијанската мора да се почитуваат


Премиерот Зоран Заев, коментирајќи ги случувањата по препораките на Венецијанската комисија за Законот за јазици, рече дека како Влада немаат намера да се враќаат назад и дека имаат намера правата кои што се добиени да ги гарантираат, но тие да бидат и практично применливи.


„Правото на употребата на јазикот е убаво човеково право, треба да го негуваме, тоа не загрозува никакво друго право на кој било друг етникум или на кој било друг јазик, но ако тоа право загрозува друго право како што е правото на правда, тогаш сите треба и редно е да размислиме. Тоа го препорачува Венецијанската комисија. Така што, самите препораки треба да ги следиме, да ги имплементираме. Начините на имплементација ќе ги издоговориме со институциите“, рече Заев во одгово на прашање на презентацијата на иницијативата на Македонско-бугарската и Бугарско-македонската стопанска комора за ново интерконективно гасно поврзување меѓу двете земји преку гасоводот Петрич – Струмица.

Тој додаде дека ќе продолжат заедно со опозициските албански партии во барањето решение како препораките од Венецијанската комисија да бидат имплементирани.

XS
SM
MD
LG