Достапни линкови

„Тајм“ ја прогласи Грета Тунберг за личност на годината


Младата шведска активистка за борба против климатски промени Грета Тунберг, е прогласена за личност на годината од страна на магазинот „Тајм“.

Тајм наведува дека политиката на климатското дејствување е сложена, колку што е сложена и самата појава, а Тунберг нема магично решение.

„Но, таа успеа да направи глобална промена на ставовите, трансформирајќи ги нејасните стравови и немири во светско движење кое бара итни промени. Таа понуди јасен морален повик до оние кои се подготвени да дејствуваат и ги засрами оние кои не се подготвени да го сторат тоа“, пишува магазинот Тајм.

Тунберг, која наскоро ќе полни 17 години на почетокот на годинава започна сама да протестира секој петок пред шведскиот парламент, а потоа и се приклучија врсници, а протестите со предупредувања за влијанието на климатските промени се проширија во повеќе земји.

XS
SM
MD
LG