Во центарот на Скопје синоќа започна првото издание на фестивалот „Недела на излози“. Шест излози добија уникатна декорација, со што Центар стана модерна галерија.
„Недела на излозите е нов фестивал за креативност, современост и уникатност доловени преку излозите кои се естетски симболи на визуелната култура на градот“, соопштија организаторите.
Фестивалот ќе трае до 17 декември, а преуредени се излозите на: книжарницата Култура, часовничарот Хронометар, Театарот за деца и младинци, книжарницата Литература.мк, продавницата за чоколадо на швајцарскиот бренд Линд, и пасажот до книжарницата Литература.мк. Зад креативниот концепт и реализацијата на секој излог стои тим составен од млади архитекти и модни дизајнери, кои на свој начин пренесуваат важни пораки до минувачите и раскажуваат различни приказни. „МладиХаб“, т.е. Канцеларијата на претседателот (кај Рекорд), ќе служи како инфо поинт на фестивалот каде што ќе може да се погледнат сите креативни концепти за излозите и ќе може да се подигнат информативни материјали за фестивалот. Организатори се Кристина Глигоровска, координатор, Искра Јанковска Михајловска, координатор за архитектура и Лидија Георгиева, координатор за моден дизајн, со поддршка од Амбасадата на Швајцарија.