Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ останала должна за кампањата


Поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ на централниот митинг за претседателските избори.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ им останала должна 22 милиони денари на компанијата Полиестердеј за рекламен материјал за кампањата за избор на претседател, покажала контролата на Управата за јавни приходи спроведена на фирмата во септември и октомври годинава.

Од УЈП велат дека ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори во 2019 година склучила договор со Полиестердеј за набавка на 1,3 милиони парчиња рекламен изборен материјал (маици, капчиња, запалки, пенкала…) во вредност од 34.362.612 денари. Од седумте фактури што ги испратила фирмата, ВМРО-ДПМНЕ платила само една третина, односно 11.509.796 денари и останале должни 22.852.816 денари.

За реализација на договорот кон ВМРО-ДПМНЕ, Полиестердеј врши нарачка од шпанска компанија Горфактори и од македонската Монт, која е ќерка фирма на Орка.

Податоците споделени од УЈП покажуваат дека Полиестердеј потоа ја исплаќа нарачката кон шпанската фирма, а останува должна кон Монт во износ од 17 милиони денари, односно платиле само три милиони денари.

УЈП за случајот ги известиле МВР, Државниот завод за ревизија и Антикорупциска комисија каде е предаден и целиот материјал.

XS
SM
MD
LG